Манчестер сити утре со дуел на домашен терен против Црвена ѕвезда ја започнува одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во пресрет на натпреварот се одржа прес-конференција на која тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, одговараше на прашањата на новинарите, а се осврна и на својот колега, тренерот на Црвена ѕвезда, израелецот Барак Бакар.
– “Минатата сезона го тренираше Макаби, имаше тешка група со ПСЖ. Видов што му направи Макаби на Мбапе и Меси. Ме импресионира нивната храброст. Утре ќе биде слично. Црвена ѕвезда е агресивна. Понекогаш се бранат човек на човек, а некогаш не. Мора да бидеме подготвени на сѐ. Играат во формација 5-3-2 и брзи се во транзиција. Се сеќавам на минатите сезони, неверојатен менталитет, сите спортисти, страшни натпреварувачи. Имаат нешто посебно“, вели Гвардиола.