Белградската Црвена ѕвезда утревечер има незгодна задача, гостува кај Манчестер сити во првото коло од Лигата на шампионите, а тренерот Барак Бахар посака неговиот тим да се држи до планот и се надева дека Граѓаните нема да бидат расположени.
„Знаеме против каков тим играме, но верувам во мојата екипа. Најважно ми е утре по мечот да можеме да седнеме, да се погледнеме во очи и да си кажеме дека дадовме максимум. Мора да бидеме храбри и паметни. Се надевам на наш добар ден и среќа, а дека Сити ќе има лош ден“, вели Бахар.