Бразилецот Фернандо Медеирос од Егнатија вечерва на гостувањето кај Партизани во Тирана постигна гол кој треба да биде номиниран за наградата „Пушкаш“ за гол на годината во изборот на ФИФА.
На ова што го направи Фернандо може да му позавидат и најголемите фудбалски мајстори. Најпрвин жонглираше со топката, а потоа без таа да падне, од далеку ја шутна кон противничкиот гол. Ефето со кое топката замина во мрежата по волејот со лева нога, во минатото се гледаше од еден друг Бразилец, славниот лев бек Роберто Карлос.
Погледнете го голот и уживајте:
Another wondergoal from the Albanian championship, Fernando of Egnatia against Partizani. I am sure it would be a sure #FIFAPuskasaward winner if in another championship pic.twitter.com/oi0UDPod7X
— Ermal Kuka (@Ermal_Kuka) September 18, 2023