Веќе нема дилеми, Нагелсман ќе биде нов селектор на Германија

Еден од најдобрите млади германски тренери, Јулијан Нагелсман, е изборот на Германската фудбалска федерација за селектор на сениорскиот тим на Панцерите.

Нагелсман, кој тренерската кариера ја почна во Хофенхајм, а се прослави во Лајпциг, по што замина на клупата на големиот Баерн Минхен, сега ќе има нов предизвик, да ја води селекцијата на својата земја на Европското првенство во 2024 година, кое ќе се одржи токму во Германија.

Нагелсман на селекторската функција ќе го наследи Ханси Флик, кој доби отказ по убедливиот пораз од Јапонија на пријателскиот меч одигран неодамна.

Инаку, Нагелсман уште од март не е тренер на Баерн, но има договор со Баварците до 2026 година и тој мора да биде раскинат, па потоа да потпише за да стане селектор. Од договорот со Баерн до 2026 година, Нагелсман требаше да добие 20 милиони евра.

За периодот во кој ќе биде селектор (до крај на ЕП 2024), Нагелсман ќе добие 4 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести