Црвена ѕвезда води со 1:0 против Манчестер сити, и тоа на гостински терен, во првото коло од Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак доминираше на теренот, постојано напаѓаше, но не постигна гол.
По толку пропуштени шанси на Сити, стигна непишаното правило за „казна за пропуштените шанси“. По еден контранапад, Црвена ѕвезда со голот на Букари во 45-тата минута стигна до 1:0.
Овој резултат е неверојатен, посебно ако се види статистиката. Граѓаните упатија дури 22 шута кон голот на гостите, од кои седум беа во рамките на голот. Изведоа 10 корнери и имаа 71 отсто посед на топка, но Црвена ѕвезда, која немаше изведен корнер, со првиот и единствен шут успеа да постигне гол.