Манчестер сити победнички стартуваше во новата сезона од Лигата на шампионите. Во првиот меч како актуелен бранител на трофејот во елитното европско натпреварување на УЕФА, Сити со 3:1 ја победи Црвена ѕвезда.
Овој триумф на Сити е очекуван, но е остварен потешко од очекуваното. Српскиот првак одлично се бранеше во првиот дел и потоа со погодок во 45-тата минута ги шокира домашните фанови.
Црвена ѕвезда водеше на полувреме, но само што почна вториот дел следуваше шок за гостите. Голманот Глазер, кој беше херојот на Црвена ѕвезда од првиот дел, направи две грешки во краток период, а Сити тоа знаеше да го искористи.
Граѓаните израмнија само по 70 секунди од стартот на второто полувреме, кога Алварес успеа да погоди за 1:1, а голманот на гостите не успеа да стигне прв до топката.
1-1 JULIAN ALVAREZ EQUALIZES !!! WE ARE BACK !!!! pic.twitter.com/3ucFxOGgjV
— 47 (@TheFodenSZN) September 19, 2023
Во 60-тата минтуа, почетничка беше грешката на голманот на Црвена ѕвезда, а тоа повторно го искористи Алварес, кој со својот втор погодок донесе водство за фаворитот од 2:1. До крајот на средбата, Сити рутински доигра и преку Родри погоди за 3:1.
На крајот, Сити упати неверојатни 37 удари кон голот на Црвена ѕвезда, од кои 16 беа во рамките на голот, и изведе 12 корнери за 70 отсто посед на топка. Гостите немаа ниту еден корнер, а шутнаа само трипати кон голот на актуелниот европски првак.
JULIAN ALVAREZ GOALLLLL £14 MILLION WHAT A BARGAINNNNpic.twitter.com/djfX3ielI2
— 17 (@DxBruyneSZN) September 19, 2023
Барселона почна силовито и со убедливо 5:0 го победи Антверпен, а на победа пред своите навивачи се радуваа и Феенорд против Селтик со 2:0, како и Пари Сен Жермен во дербито против Борусија Дортмунд.
Порто во првата фаза од мечот даде три гола против Шахтар и на крајот се радуваше со 3:1, а Лацио и Атлетико Мадрид ремизираа 1:1. на „Олимпико“ во Рим.
Во попладневниот термин на дуелите од ЛШ се одиграа два интересни меча, а Милан може да жали што не освои три бода.