Голманот на Лацио всушност е „доктор“ за голови: Се појави снимка од уште еден фантастичен негов погодок (Видео)

Иван Проведел е херојот од првиот ден на мечевите во Лигата на шампионите. Тоа е голманот на Лацио кој успеа да постигне гол во последните секунди од дуелот против Атлетико Mадрид и да го спаси италијанскиот тим од пораз.

Цели 14 години се немаше случено голман да постигне погодок од игра во Лигата на шампионите, а тоа што токму Проведел е стрелец и не е толку случајно. Пред да дојде во Лацио, Проведел беше во Јуве Стабија, кога на еден дуел од Серија Б против Асколи, голманот постигна супер гол.

Се играа последните моменти од тој дуел, а Јуве Стабија губеше со 2:1, кога во последните моменти од мечот беше досуден фаул во нивна корист. Проведел реши да оди во офанзива и не згреши. Скокна највисоко и со глава погоди за израмнување на 2:2.

Синоќа голманот повторно блесна, но овојпат на многу повисоко ниво. Даде гол за Лацио во Лигата на шампионите и буквално целата фудбалска јавност го запозна голманот на Лацио.

 

- Оглас -

Најнови вести