Голем потег на ѕвездата на Баерн (Видео)

Баерн Минхен синоќа го совлада Манчестер јунајтед во дербито на Лигата на шампионите со 4-3. Еден од головите беше дело на 18-годишниот Матеус Тел, кој за првпат беше стрелец на меч од Лигата на шампионите.

Тој по натпреварот на трибините виде момче кое држеше натпис „Те молам, може ли да го добијам твојот дрес?“. Се упати кон момчето, го зеде на раце и го симна на теренот. Откако поразговара со него, му го подари и дресот со којшто го постигна дебитантскиот погодок во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/FCBayern/status/1704748525291032925?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1704748525291032925%7Ctwgr%5Ea711987248a208efad3582c28e77b03e96ed44d8%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fmogu-li-molim-te-dobiti-tvoj-dres-pogledajte-hit-potez-mlade-zvijezde-bayerna%2F2497307.aspx

- Оглас -

Најнови вести