Најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, во гостување на поткаст на „Јутјуб“ зборуваше за времето минато во Париз и шампионската титула со Аргентина.
„Сѐ се случува со причина, имав добри односи со играчите, но не се чувствував добро во клубот. Јас бев единствениот светски шампион кој не доби честитка од клубот. Разбирам и зошто, Аргентина ја спречи Франција да стане светски шампион“, вели Меси.
Во разговорот Меси потенцираше дека не планира да игра на Светското првенство во 2026, но сака да настапи на следната Копа Америка.