Трофејниот и искусен холандски тренер Дик Адвокат, кој во богатата кариера водел многу клубови и репрезентации, синоќа се посрамоти и стана цел на потсмев меѓу фановите од цела Европа поради неговата изјава на полувремето од мечот Зрински – АЗ Алкмар.
По првото полувреме, АЗ Алкмар водеше со 3-0, а Адвокат, кој беше стручен коментатор на холандската телевизија, го потцени босанскиот првак.
„Неверојатно е што на вакви тимови им се дозволува играње во европските купови“, рече Адвокат во врска со лошо одиграните први 45 минути на Зрински.
Но, во второто полувреме се случи сензационален пресврт, тимот од Мостар победи со 4-3, па изјавата на Адвокат од полувремето стана хит.