Српските фудбалски клубови имаат најнеуспешно лето во историјата, на 13-те меча во квалификациите и групна фаза во европските купови извојуваа само една победа (онаа од 2-0 на Партизан против Сабах) и гол-разлика 9-34.
Уште поинтересно, на стартот на групната фаза, сите три клуба од нашиот северен сосед загубија со истиот резултат, 1-3, а сите три поведуваа со 1-0.
Црвена ѕвезда водеше 1-0 на полувреме против Манчестер сити во Лигата на шампионите, на крајот загуби 1-3. Слична судбина ги снајде Чукарички и ТСЦ Бачка Топола.
ТСЦ на гостувањето кај Вест хем поведе на стартот на вториот дел, па потоа прими три парчиња, а во Конференциската лига, Чукарички на гостувањето кај Ференцварош поведе но уште на полувреме имаше негатива од 1-2, а во второто полувреме Унгарците дадоа и трет гол.