Каталонскиот тим кој гази во Шпанија, а не е Барселона, сега победи со 5:3

Екипата на Жирона е најпријатното изненадување во шпанското првенство. Со пет победи и едно реми, Жирона е новиот лидер на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид кој утре ќе игра градско дерби против Атлетико Мадрид.

Жирона попладнево против Мајорка ја покажа целата сила победувајќи со 5:3 и тоа откако гостите први погодија од пенал преку Муриќи. Домашните фудбалери блеснаа во периодот од 26 до 45 минута кога постигнаа дури четири погодоци, па на полувреме заминаа со убедлива предност од 4:1.

Во второто полувреме Савио погоди за 5:1, а Мајорка која прва погоди во оваа голеада, на крајот со два гола во финишот ја затвори серијата од осум погодоци за конечни 5:3.

- Оглас -

Најнови вести