Вест хем истражува расистички напад врз Салах

Непосредно по крајот на дуелот меѓу Вест хем и Ливерпул, кој заврши со реми од 1-1, на социјалните мрежи се појави видео од еден домашен навивач на кое јасно се слушаат навреди упатени кон Мохамед Салах. Фудбалерот на Ливерпул беше вербално нападнат поради неговата религија, па Вест хем одлучи да покрене истрага да го реши овој проблем.

Во официјалното соопштение на Вест хем стои дека овој акт на насилно однесување нема да биде торелиран.

„Кога личноста ќе биде идентификувана, сите детали ќе ги испратиме во полиција, а ќе му биде забранет пристап на нашиот стадион. Не постои место каде што ваквото однесување е прифатливо“, порачуваат од управата на клубот од Лондон.

Инаку, поради расистички напади претходно беа казнети и одредени навивачи на Челзи, додека сите ги паметат немилите сцени на „Џузепе Меаца“, во дуелот меѓу Интер и Наполи, кога домашните навивачи го нападнаа дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали поради бојата на неговата кожа.

https://twitter.com/Sadat_Yazdani/status/1092963310381654016

- Оглас -

Најнови вести