Вчера Роналдо, денеска Нејмар: ѕвездите облечени како шеици танцуваа во чест на Саудиска Арабија (Видео)

Најпопуларнниот саудиски клуб, Ал Хилал, не сакаше да заостане зад Ал Наср на Кристијано Роналдо, па приредија своевидна забава по повод националниот празник на Саудиска Арабија.

Ѕвездите на Ал Хилал, предводени од Нејмар, беа расположени, и на луѓето кои богато ги плаќаат, како и на целиот народ во Саудиска Арабија, им го честитаа празникот.

Нејмар, Митровиќ, Милинковиќ-Савиќ, Кулибали, Боно, Малком и останатите, па и тренерот Жорже Жезус, облечени како шеици танцуваа во ритамот на традиционалната арапска музика и добро беа расположени.

https://twitter.com/i/status/1705676213925068890

- Оглас -

Најнови вести