Ниту “Д“ од дерби: ПСЖ е класа за Марсеј (Видео)

Екипата на ПСЖ после шокантниот пораз од Ница на домашен терен во минатото коло на француското првенство, вечерва со убедлива победа од 4-0 над Марсеј се врати на победничките патеки.

Едноставно во моментов ПСЖ е неколку класи над Марсеј, што го покажа и вечерва во мечот кој го имаше епитетот дерби на колото.

Резултатот го отвори Аштраф Хакими уште во осмата минута со прекрасен погодок од слободен удар. На 2-0 зголеми Коло Муани во 37-мата минута и веќе тука беше познат победникот на овој меч.

Во второто полувреме двата погодоци беа дело на Гонсало Рамос, во 47-мата и 89-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести