ПСЖ го декласира Марсеј, но никому не му е до славење во Париз (Фото)

Екипата на ПСЖ вечерва ја прикажа веројатно најдобрата игра оваа сезона и сосема заслужено го победи Олимпик Марсеј со убедливи 4-0 во дербито на колото во Лига 1.

Сепак, и покрај победата, никому во ПСЖ не му е до славење со оглед на тоа дека во 33-тата минута од мечот се повреди Килијан Мбапе и мораше да биде заменет.

Сите се во исчекување на дополнителните прегледи кои треба да го дадат одговорот колку е сериозна повредата на Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести