Шутира слободни фрлања како Радивој Кораќ и не промашува (Видео)

Кошаркарскиот тим на Барселона со победа стартуваше во новата сезона на шпанското првенство откако на домашен терен без многу проблеми славеше над Хувентуд со 95:79. Освен задоволството за победата, навивачите во Барселона имаа и едно поинакво задоволство, а тоа е да го следат начинот на којшто Чинану Онуаку ги изведува слободните фрлања.

Американскиот центар Онуаку летово потпиша за Хувентуд и за првпат ќе игра во шпанското првенство, а со тоа сигурно ќе биде атракција каде и да игра неговиот тим. Онуаку е препознатлив по начинот на којшто ги изведува слободните фрлања.

Во стилот на легендарниот Радивој Кораќ, Онуаку изведе две слободни фрлања и двете ги погоди.

Американецот и претходно на ист начин ги изведувал слободните фрлања, а неговото „шоу“ минатата сезона го гледаа во првенството на Израел бидејќи го носеше дресот на Хапоел Тел Авив. Во кариерата, Онуаку меѓу клубовите за коишто има играно се и Динамо Сасари, Бнеи Херзлија, Задар…

- Оглас -

Најнови вести