Како да им нема крај на проблемите во коишто е вплеткан членот на Серија А, Јувентус. Откако оваа сезона остана без пласман во европските фудбалски купови, сега на клубот од Торино му се заканува нова казна.
Против нив е покрената истрага за аферата „Агентополи“, според која исплаќале провизии на менаџери кои воопшто не учествува во трансфери позврзани со клубот.
Агентите кои добивале провизии од Јувентус се повикани и од Здружението на менаџерите да дадат изјави за овие случувања и останува да се види во иднина како ќе влијае оваа ситуација на клубот и дали повторно ќе има казна за Старата дама.