Бекер: Јас му кажав на Ѓоковиќ како да го победува Надал

Борис Бекер, кој од 2014 до 2016 година го тренираше Новак Ѓоковиќ, објасни како успеал да му помогне на Србинот да го победува Рафаел Надал. Германецот го терал Новак почесто да игра на посилната страна на Надал, тоа е форхендот.

„Да се биде тренер е комплицирано и има многу нивоа, како физичко, ментално, а треба да се знае и што е најважно. Не е исто да тренирате 18-годишен играч и некој 31-годишен. Добар играч често не сака да слуша што му зборувате бидејќи е тврдоглав и уверен во своите квалитети. Но, ако имате добри аргументи и модерна технологија, тие совети ќе допрат до него. Новак не веруваше дека со напад на форхендот на Надал може да ја разбие играта на противникот. За многумина, тоа би било самоубиство, но Ѓоковиќ има квалитетна бекхенд дијагонала, можеше да дојде до шаблон со кој на крај би дошол до бекхендот на Рафа“, објаснува Бекер.

Ѓоковиќ по победата над Надал во финалето на Отвореното првенство на Австралијан, има 28-25 во меѓусебните дуели, а Бекер сега не му е главен тренер, туку повеќе како советник и психолог.

 

- Оглас -

Најнови вести