Меси не е меѓу стартерите, уште една лоша вест за Барса

Лионел Меси не е меѓу 11-те фудбалери на Барселона кои ќе го почнат натпреварот од Купот против Реал Мадрид. Аргентинецот има ситна повреда и одлучено е дека нема потреба да се ризикува со него, па ќе чека шанса од клупата за резерви.

За Каталонците дојде уште една лоша вест, а тоа е дека нема да смеат да играат со дресовите на кои имињата на играчите беа напишани и со кинески букви. Барса сакаше на таков начин на Кинезите да им честита Кинеска нова година, но од фудбалската федерација на Шпанија забранија да има кинеско писмо под имињата кои се напишани и во оригинал.

Двајцата тренери за вечерва се одлучија за тактика 4-3-3. Барса ќе тргне со Тер Штеген, Семедо, Пике, Лангле, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Артус, Малком, Суарес и Кутињо. Почетниот состав на Реал е: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Љоренте, Модриќ, Крос, Васкес, Винисиус, Бензема.

- Оглас -

Најнови вести