Изминатиот викенд се одигра комплетното осмо коло од прволигашката конкуренција, а денес ќе биде затворено и четвртото коло со одложениот натпревар помеѓу Воска и Струга, дуел кој не се одигра во предвидениот термин поради европските обврски на шампионот на Македонија.
Она што е интересно за овој натпревар е тоа што е прв меѓусебен официјален меч помеѓу овие две екипи, со оглед на тоа дека никогаш претходно не биле во иста лига. Стружани се големи фаворити за победа со оглед на одличната форма во која се наоѓаат и трите победи по ред во домашното првенство над Тиквеш (3-1), Брегалница (3-1) и Работнички (1-0).
На спротивната страна Воска забележа порази на двата последни првенствени натпревари од Работнички (0-2) и Шкупи (2-3), но помеѓу овие два натпревари забележа двоцифрена победа од 10-0 над третолигашот Карбинци во Купот на Македонија.
Воска и Струга често играат контролни натпревари, а од она што може да се забележи, тие секогаш се ефикасни. Во понудата на Sport Life има одлична квота за 3+ голови на езерското дерби, 2.01.