Кој му сврте грб на ФК Вардар, одговорот в петок!

Раководството на фудбалскиот клуб Вардар за в петок најави прес-конференција на која ќе се дознае вистината за состојбата во која се наоѓа клубот во моментов, а се посочува и дека има структури кои ветувале помош, но се покажале како лажни ветувања.

„Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше!

Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55 ч.

Ги повикуваме сите медиуми и навивачите да дојдат со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата на тие коишто ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот!

Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. „Комити Запад”, порачаа вардарци.

- Оглас -

Најнови вести