Чудна изјава на играч на Борусија: Останувањето без титула беше поболно од моментот кога дознав дека имам рак

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер, ги изненади германските медиуми со изјавата дека неосвојувањето на титулата во Бундеслигата минатата сезона било поболно од моментот кога дознал дека боледува од тешка болест.

Алер минатото лето пристигна во Борусија, но ја пропушти речиси цела сезона бидејќи му беше дијагностициран рак на тестисите.

Додека тој се бореше со тешката болест, Милионерите играа одлично во Бундеслигата и во последното коло влегоа со два бода предност пред Баерн Минхен.

Но, наместо со победа над Мајнц да дојдат до титулата, Милионерите одиграа 2:2 и Баерн со триумф од 2:1 над Келн поради подобра гол-разлика и меѓусебен скор ја освои титулата.

„Останувањето без титула во тој момент ме болеше многу повеќе од моментот кога ми беше дијагностициран рак на тестисите. Доколку сте болни, не можете да направите ништо во врска со тоа, мора да ја прифатите ситуацијата и да се носите со тоа“, изјави Алер.

- Оглас -

Најнови вести