Работнички тргна моќно во новото првенство, Чаир победи со 21 разлика

Екипата на Работнички со 73:56 го победи ТФТ Скопје во меч со кој стартуваше новата сезона од кошаркарското првенство на Македонија. Уште од самиот почеток Работнички тргна фуриозно и поведе со 13:2, а по првите 10 минути водеше со 24:9. На средината од втората четвртина, Работнички имаше речиси двојно повеќе поени од противникот и водеше со 35:18.

Предноста на домаќините растеше и до 27 разлика во третата четвртина, кога беше 60:33. Пред крајот на мечот беше 73:48, а ТФТ со низа од осум поени по ред на крајот го ублажи поразот.

На домашен терен се радуваше и Чаир во дуелот против Феникс, и тоа со 93:72. Уште во првата четвртина Чаир поведе со 10 разлика (22:12), но Феникс во вторите 10 минути не само што ја анулира предноста, туку стигна и до 37:35, но Чаир сепак на полувреме замина до предност од 48:42.

Третата четвртина беше клучна за победникот. Чаирчани со фуриозна игра стигнаа до убедливи 71:48 и уште тогаш беше јасно кој ќе победи.

- Оглас -

Најнови вести