Интер Мајами го загуби финалето, на Меси му беше тешко да гледа!

Лионел Меси не настапи во финалето на Отворениот куп на САД и неговиот тим Интер Мајами загуби од Хјустон со 1-2.

Меси не настапи поради ситна повреда, тренерот Херардо „Тата“ Мартино рече дека биле претпазливи и не сакале да ризикуваат. Од трите најголеми ѕвезди на Интер коишто дојдоа летово, играше само Серхио Бускетс, а Меси и Жорди Алба не беа во составот.

Меси имаше голема заслуга што Мајами дојде до финале, но не можеше да помогне и му беше тешко да гледа од трибините. Пред мечот, Меси се фотографираше со легендите Дејвид Бекам и Зинедин Зидан и оваа фотка предизвика големо внимание.

Инаку, Аргентинецот по вторпат во кариерата пропушти финале и пак неговиот тим губи. Тоа се случи и во 2006 година на Светско клупско првенство, кога Барселона без Меси загуби од бразилскиот Интернасионал со 0-1.

Во 94-та минута, Кампана имаше шанса да изедначи на 2-2, но неговиот удар со глава голманот на Хјустон го одбрани без проблем. Погледнете ја реакцијата на Меси:

- Оглас -

Најнови вести