Меси и Бекам тажни, а една друга спортска суперѕвезда го славеше поразот на Интер Мајами (Видео)

Фудбалерите на Хјустон динамо го освоија купот на САД откако во финалето го совладаа Интер Мајами со 2-1, а на Интер не му помогна играњето на домашен терен бидејќи во составот го немаа најдобриот играч Лионел Меси.

Тимот од Хјустон и пред пет години го освои овој куп, а интересно е дека малцински дел од акциите во клубот има НБА-ѕвездата Џејмс Харден.

За разлика од Дејвид Бекам, кој е газда на Интер и немаше причини за славење, Брадата и тоа како се радуваше и еуфорично ги прославуваше головите.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести