Зидан му кажа Не на својот Олимпик Марсеј

Поранешниот француски репрезентативец и екстренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја одби понудата на Олимпик Марсеј.

Зидан, кој е роден токму во Марсеј, добил понуда да биде нов тренер на Олимпик, но тој ја одбил бидејќи не бил убеден во проектот.

Откако доби корпа од Зидан, управата на Олимпик Марсеј одлучи да го Џенаро Гатузо.
Дел од француските медиуми пишуваат дека постои шанса Зидан по третпат да седне на клупата на Реал Мадрид бидејќи на крајот од сезоната ќе си замине Карло Анчелоти.

Засега главни фаворити за наследници на Анчелоти се Роберто де Ѕерби од Брајтон и тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести