Четири ѕвезди на ПСЖ пред големи казни поради скандал кој ја згрози министерката за спорт (Видео)

Пари Сен Жермен убедливо со 4:0 го победи Олимпик Марсеј во дербито на француското првенство, а по завршувањето на средбата, се случи скандал поради кој може да настрадаат неколкумина фудбалери на Светците.

По победата, играчите на ПСЖ заминаа пред трибината на која беа нивните најверни навивачи и започнаа да скандираат. Сепак, проблемот се случи кога играчите започнаа да скандираат песна која е навредлива за Олимпик Марсеј.

Коло Муани, Дембеле, Курзава и Хакими беа забележани како скандираат „Марсеј е*и си мајката“. На „Твитер“ се појави и видео на кое се гледа дека Варен Заире-Емери го држи мегафонот, а споменатите четворица фудбалери пеат навредливо.

Овој скандал стигна дури и до министерката за спорт во Франција, која испрати порака дека мора да постои санкција. „Кога го видов тоа, останав згрозена. Неверојатно ми е дека тоа е дел од навивачкиот фолклор. Ако не ставиме крај на ова, ќе се навикнеме и ќе мислиме дека е нормално. Ќе се пренесува од генерации на генерации и сè ќе биде во ред како да нема ништо спорно. Мора да направиме нешто тоа да го спречиме“, беше пораката од министерката Амели Оуда-Кастер.

Следната недела се очекува Дисциплинската комисија да донесе казна за фудбалерите кои ја пееја навредливата песна. Се шпекулира дека играчите може да добијат суспензија до четири меча, како и тоа да биде затворена трибината на ПСЖ на неколку средби.

- Оглас -

Најнови вести