АБА-лигата воведе ново правило кое ги израдува тренерите

Новата сезона во регионалната АБА-лига започнува утре со дуелот меѓу Сплит и Студентски центар. Непосредно пред стартот на сезоната, челниците на лигата промовираа едно ново правило поврзано со челинџот.

Тренерот нема да го загуби правото за челинџ доколку биде во право и е потребна корекција на судиската одлука, нешто што не беше пракса досега. Тоа не е единствена добра новина кога се работи за челинџот од страна на тренерите и играчите. Сега, секој тим ќе има право на два челинџа, а не како што беше досега, само со еден предизвик да се побара корекција на судиска одлука.

Во последните две минути од средбата, секој тим ќе има можност само по еднаш да побара челинџ, дури и во ситуација ако се останати двата челинџа неискористени.

 

- Оглас -

Најнови вести