Чави: Никогаш не сум имал чувство дека судиите ни помагале

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, даде свој коментар за случајот „Негреира“, во кој каталонскиот гигант е обвинет и дека доколку актуелниот првак биде прогласен за виновен, може дури и да биде исфрлен во понизок ранг.

Чави беше дел од тимот на Барселона во периодот за којшто се сомничи дека клубот добивал помош од судиите во шпанското првенство.

„Веќе го знаеме моето мислење околу тоа. Погледнете ги архивите во весниците и ќе видите. Никогаш не сум имал чувство дека судиите ѝ помагале на Барселона. Никогаш!“, категоричен е Чави.

 

- Оглас -

Најнови вести