Беше светски првак со Франција, а речиси две децении продава базени

Стефан Гиварш е француски фудбалер кој важеше за еден од најефикасните играчи пред 30-тина години. Со своите игри, Гиварш имаше обезбедено место и во француската репрезентација, со која на Светското првенство во 1998 година стигна до тронот.

Играчот кој може да се пофали дека има мундијалска титула, таа 1998 година направи трансфер од Оксер во Њукасл, и тоа за сума од 4,1 милион евра. Гиварш, кој одигра 14 меча за француската репрезентација, а на клупски план играше и за Брест, Генгам и Рен, стави крај на кариерата во 2002 година.

По повлекувањето од фудбалот, Гиварш реши дека треба да живее мирен и повлечен живот. Откако не можел да најде работа, добил понуда да работи како продавач на базени во фирма на негов пријател. Прифатил и уште е таму.

„Со продажба на базени се занимавам 17 години. Шефот на компанијата е мој пријател. Тогаш ми рече дека планира да продава базени и дека му е потребен претставник за продажба. Бидејќи тогаш бев невработен, реков дека ќе му помогнам и еве веќе 17 години работам со него“, вели Гиварш, кој објаснува дека секој ден многу патува и работи, а навечер се враќа дома. Едноставно, овој некогашен фудбалер и светски првак сега нема никаква допирна точка со фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести