Ракометарите на Монпелје не дозволија ново изненадување на денешните натпревари од ракометната Лига на шампиони и ја совладаа Висла Плок на домашен терен со 30-28.
Гостите од Полска долго имаа водство и беа во игра да извлечат поволен резултат од гостувањето од Франција. Имаа дури и предност на полувремето од 15-14, а во последните три минути од мечот се влезе со 27-27. Сепак, во самиот финиш ракометарите на Монпелје со три гола во серија дојдоа до предност од 30-27, а гостите до крајот со гол само намалија на 30-28.
Претходно Загреб и ГОГ направија големи изненадувања откако на домашен терен беа подобри од Колштад, односно Веспрем, додека фаворитската улога ја оправда Барселона со победата над Порто.