Мурињо во свој стил одговори на гласините дека ќе добие отказ

Рома вчера загуби со убедливи 4:1 на гостувањето кај Џенова и го има најлошиот старт во историјата во Серија А, по што започнаа шпекулациите за евентуалната смена на тренерот Жозе Мурињо.

Со поразот од Џенова, Рома падна на 16-та позиција на табелата само со пет освоени бода во шест кола, а Мурињо во свој стил го прокоментира лошиот старт на Волчицата.

„Ова е најлошиот старт во историјата на Рома? Вистина е, најлош е и во мојата кариера. Но, исто така е вистина дека Рома никогаш не играла две финалиња во европски купови две години по ред. Примаме премногу голови? Па секој нивен шут заврши во мрежата. Роџер Ибањез ни носеше голема стабилност, а ни недостасува и Смолинг“, изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести