Миленковски: Пред портите на Вардар е можен инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но Владата и институциите молчат

Претставниците на управата на Вардар бараат итен одговор од Владата и Управата за јавни приходи колкав е долгот на најтрофејниот фудбалски колектив во земјата и тоа во моментите кога на портите тропа можен потенцијален инвеститор, кој е подготвен да вложи 18 милиони евра во следните десет години.

Претставникот на Комити во управата на Вардар, Милорад Миленковски, откри дека можниот инвеститор е подготвен да го плати долгот на Црвено-црните и да инвестира во следната деценија да го застане клубот за здрави нозе. Но, управата на Вардар веќе три месеци нема одговор од Владата и УЈП на нивните барања.

„Часот одамна е 5 до 12 за Вардар. Сакаме да прашаме како се однесува оваа држава кога е најавен странски инвеститор кој е подготвен да инвестира 18 милиони евра.
Тоа што сакам јавно да го прашам во овие моменти, се работи за можна инвестиција која подразбира покривање на основниот долгот од 3 милиони евра и поради тоа сакаме да ги повикаме институциите да ни кажат точно колку е долгот на Вардар.
Кога имаме странска инвестиција, државните механизми овозможувале олеснувања за нив, а дали тоа се подразбра и за овој случај и зошто немаме одговор на нашите прашања упатени уште кон крајот на јуни. Тие институции се ПУИГ, Управата ја јавни приходи и Владата“, изјави Миленковски.

Миленковски изјави и дека веќе е остварена средба со луѓе од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Изминатите денови имавме средба со ПУИГ, од каде што бевме повикани и ни беше понудено решение за дел од нашите барања. Нашите барања беа отпис на каматите на основниот долг и таа одлука беше донесена на влада, но не е спроведена и бараме таа одлука да се спроведе и да се затвори оваа одлука. Добивме позитивен одговор дека тоа ќе се случи.

За нашите основни барања сè уште немаме одговор. Доколку Вардар не игра на Градски стадион, не може тоа прашање да ни биде одговорено. Второто барање беше основиот долг кој изнесува 200.000 евра да се репрограмира на пет години. Третото барање е за канцелариите кои ни беа ветени од претходното раководство. Станува збор за 200 метри квадратни на стадионот.“

 

- Оглас -

Најнови вести