Договорено е: Усик против Фјури, боксот ќе има само еден шампион во тешка категорија!

Шампионите во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури и Олександр Усик, договорија меѓусебна пресметка која ќе се одржи во Саудиска Арабија, па светот ќе добие единствен шампион кој ќе ги има сите шампионски појаси.

Борба помеѓу Британецот и Украинецот ќе има, само не се знае дали во втората половина на декември или некаде во јануари. Инаку, и Фјури и Усик немаат пораз во кариерите.

Фјури кој е шампион во верзијата ВБЦ, во октомври ќе има борба против Франсис Нгану, а потоа ќе го нападне Усик кој е првак во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО.

Последен боксер кој ги имаше сите појаси во тешка категорија, беше Ленокс Луис во 1999 година, па Усик или Фјури ќе биде првиот апсолутен шампион во 21-ви век.

- Оглас -

Најнови вести