Ова ќе го боли: несреќниот Серхио Рамос ѝ донесе победа на Барселона (Видео)

Барселона ја совлада Севилја со 1-0, со што остана перфектна на домашен терен сезонава, а за меракот на фановите на Барса да биде поголем, голот за победа беше автогол на легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

За Рамос ова беше трети автогол во кариерата, откако првите два си ги даде за Реал против Севилја. Инаку, Рамос е играчот кој има одиграно најмногу натпревари против Барселона во историјата.

Барселона 21 години нема пораз во лигашки меч на свој терен од Севилја, има низа од 16 меча по ред без пораз против Севилја, па според традицијата, победата беше и очекувана. Лоша вест за Каталонците е повредата на Рафиња кој излезе од игра во првото полувреме.

Ова е автоголот на Рамос по додавање од Ламин Јамал, младиот играч со кој се запознаа пред девет години кога Јамал беше детето кое го придружуваше Рамос од тунел до терен на едно Ел Класико.

https://twitter.com/i/status/1707857095985357153

- Оглас -

Најнови вести