Поранешниот играч на Шкупи, Реналдо Сефас, на почетокот на минатиот месец играше за Шкупи во еврокуповите против Левски, а потоа направи трансфер во турски Анкарагучу и таму покажува дека заслужува место во турската лига.
Реналдо вечерва даде гол на гостувањето кај првакот Галатасарај и тоа за водство на Анкарагучу од 1-0. Брзо после тоа Галатасарај израмни, сега веќе и води, но кога погоди Реналдо, шокот кај Лавовите од Истанбул беше голем.
https://twitter.com/i/status/1708168181636792524