Реал Мадрид и Белингам ја вратија Жирона во реалноста, на крајот тепачка (Видео)

Реал Мадрид со убедливи 3-0 триумфираше на гостувањето кај сензацијата Жирона, и ја прекина низата на малиот каталонски клуб од шест победи по ред.

Откако домашните утнаа неколку шанси на стартот, дојде казната. Хоселу со својот прв гостински гол како играч на Реал, ја искористи феноменална асистенција на Белингам за 1-0.

https://twitter.com/i/status/1708162922038382841

На 2-0 зголеми Чуамени со својот прв гол во дресот на Реал, а точка стави Белингам кој постигна убав гол и сега е прв стрелец во Ла Лига.

https://twitter.com/i/status/1708181522606370836

Во судиското продолжение, Начо постапи некапитенски и направи еден ѕверски фаул по кој доби директен црвен картон, а додека заминуваше кон соблекувална, се создаде мешаница во која имаше туркање и се делеа удари.

- Оглас -

Најнови вести