Нападот на Баерн мораше да ги покрива грешките на голманот

Лајпциг и Баерн Минхен одиграа 2-2 во бундеслигашкото дерби, после кое Баер Леверкузен е нов лидер на табелата во германското првенство.

Црвените бикови водеа со 2-0 по првото полувреме кое мина во знакот на несигурноста на голманот на Баварците Улрајх. Но, во второто полувреме, Кејн од пенал и Сане, му донесоа бод на шампионот.

Кејн има 8 голови на првите свои шест меча во Бундеслигата, и тоа е за еден помалку од рекордот на Халанд.

- Оглас -

Најнови вести