Англиската судиска организација, ПГМОЛ, објави соопштение во кое признаа дека човечка грешка се случила во првото полувреме на натпреварот Тотенхем – Ливерпул.
Луис Дијас од Ливерпул постигна гол, но судиите на терен го поништија поради наводна офсајд позиција. Чудното е што немаше реакција од ВАР и признавање на голот, а снимките покажуваат дека Дијас бил во дозволена позиција.
Јирген Клоп изјави дека нема видено понефер меч во неговиот живот и дека ништо не му значи извинувањето од судиската организација.
Освен што на неговиот тим му беше поништен чист гол, Ливерпул средбата ја заврши со двајца играчи помалку, кои добија црвени картони.