Ќе има голови на големото хрватско дерби

1365 Атлетико М. – Кадис (21.00)

Атлетико Мадрид во денешниот дуел влегува по две победи во низа во Ла Лига, го совладаа Реал со 3:1 и Осасуна со 2:0 и се големи фаворити за нов триумф. Кадис пак на двата последни меча одигра нерешено (Рајо 0:0 и Кадис 1:1). Атлетико на последните три меѓусебни средби на домашен оствари три победи над Кадис (5:1,2:1,4:0).

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.40)

 

3673 Рома – Фросиноне (20.45 ч.)

Рома го има најлошиот старт на сезоната во историјата на Серија А, а во последното коло беше декласирана од Џенова со 4:1 поради што денеска нема избор, мора да оди на победа. Фросиноне одлично ја започна сезоната, има само еден пораз во шест кола, но вечерва за се ќе прашуваат Мурињо и неговите фудбалери. Рома славеше на сите пет меѓусебни средби против Фросиноне досега, а минатата сезона на „Олимпико“ беше 4:0.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.24)

 

2879 АЗ Алкмар – Фортуна С. (16.45 ч.)

АЗ Алкмар и сезонава игра одлично, во досегашните шест кола во Ередивизија оствари пет победи и едно реми и има гол-разлика 16:3. Фортуна ситард во последното коло загуби со убедлливи 3:0 од Г.А. Иглс, и ја има традицијата против себе. АЗ Алкмар победи на последните пет меѓусебни дуели, а на домашен терен нема пораз во последните 24 години.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

3144 Хајдук – Динамо З. (18.00 ч.)

Ова е најголемо дерби во хрватскиот фудбал, и тоа ќе биде дури трет дуел сезонава. Хајдук и Динамо прво играа во Супер купот каде славеа „Модрите“ со 1:0, а потоа во првото коло од првенството „Билите“ победија со 2:1. Хајдук по подолго време има тим за титула,и е лидер е на табелата, но Динамо нема така лесно да се откаже од титулата. Динамо неодамна го врати во тимот долгогодишниот капитен Аријан Адеми и се очекува да настапи на денешниот меч, но затоа поради повреда нема да игра Стефан Ристовски. Имињата на Марко Ливаја, Александар Трајковски, Леон Дајаку, Јасин Бенрахи кај Хајдук, и на Јосип Дрмиќ, Габриел Видовиќ, Мартин Батурина се најава за офанзивен фудбал и голови на „Пољуд“.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.16)

 

1663 Генк – Вестерло (16.00 ч.)

Генк пред своите гледачи го пречекува Вестерло и победата е единствена опција за домаќинот. Генк е во серија од три ремија во сите натпреварувања, но има само една победа во последните шест меча. Вестерло во последното коло одигра без голови против Страндард Лиеж и ја прекина серијата од шест порази по ред. Последниот меѓусебен меч на кој Генк беше домаќин заврши со убедливи 6:0 и за очекување е да дојде до нова победа.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (1.88)

- Оглас -

Најнови вести