Ливерпул оштетен поради грешката на судиите во комуникацијата, ВАР собата лошо го рабрала судијата на теренот?

Судењето на вчерашната дерби пресметка во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Ливерпул (2:1), е топ-тема во англиските медиуми поради неоправдано поништениот гол на Црвените.

При резултат 0:0 и тоа во моменти кога Ливерпул имаше играч помалку по исклучувањето на Куртис Џонс, Луис Дијаз постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Веднаш по натпреварот, судиската организација на Премиер лигата јавно се огласи, ја призна грешката и му се извини на Ливерпул.

Потоа ЕСПН објави дека за неоправдано поништениот гол виновна била лошата комуникација меѓу главниот судија и ВАР собата. Имено, судиите во ВАР собата мислеле дека главниот судија го признал голот и поради тоа по неколку секунди му рекле: Проверката е готова.

 

Судијата Хупер, зборовите од ВАР собата ги сфатил дека треба да остане при својата одлука, а таа е дека било офсајд, иако Дијаз беше во регуларна позиција и голот требаше да биде признат.

- Оглас -

Најнови вести