Обложувач остана без 9.500 фунти поради поништениот гол на Ливерпул

Вчерашното дерби во англиската Премиер лига меѓу Тотенхем и Ливепрул предизвика многу реакции поради судиските одлуки. Тотенхем победи со 2:1 и тоа благодарение на автоголот на Матип во 96 минута. Претходно Ливерпул остана без двајца играчи поради црвените картони на Џонс и Жота.

Драмите на натпреварот започнаа уште во првиот дел, кога Луис Дијас постигна гол, но судијата го поништи поради офсајд. Подоцна се утврди дека голот на Дијас бил регуларен и дека грешка направиле судиите и тие арбитри во ВАР собата.

Токму тој поништен погодок на Дијас е клучен за еден обложувач во Англија да не добие 9.510 фунти. Овој обложувач прогнозирал дека на дербито голови ќе дадат Дијас, Гакпо и Сон. Токму Гакпо и Сон погодија, а голот на Дијас беше поништен. Беше погодено и дека жолти картони ќе добијат Удогие, Бисума и Мекалистер.

„Некој за ова ќе мора да одговара“, беше коментарот од лутиот обложувач кој остана без одлична добивка поради судиска грешка.

- Оглас -

Најнови вести