За Ривер плејт најслатки се победите на „Бомбонера“ (Видео)

Венецуелскиот ветеран Саломон Рондон, за својот 34-ти роденден кој го прослави пред две недели, си се почести со свој прв гол на култната „Бомбонера“ и тоа за победа на неговиот тим Ривер плејт од 2-0 против Бока јуниорс во аргентинското Суперкласико.

Рондон имаше и среќа при голот, бидејќи по неговиот шут, имаше карамбол и топката се одби од друг играч пред да влезе во голот. Голот на Рондон од 41-ва минута за 1-0 може да го погледнете ТУКА. Потоа во 96-та минута, на 2-0 зголеми Енцо Дијас и со тоа беше ставена точка, и славјето на гостите можеше да почне.

Дуелот беше од Купот на професионалната лига на Аргентина, натпреварување во кое играат 28 тима поделени во две лиги, а најдобрите четири од двете групи ќе разигруваат за трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести