Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни, изјави дека ни сам не знае како успеал да го одбрани шутот од слободен удар на Муриел, кога топката одеше во горниот агол од голот и се чинеше дека водството на Аталанта е неизбежно.
„Одбраната? Не знам како успеав. Не знам ни како примив глупави голови против Сасуоло. Оваа одбрана против Атланта е важна за мене после грешките со Сасуоло. Јувентус секогаш оди на победа, нерешениот резултат е губење на два бода. Мислам дека ремито е реален исход, ние бевме подобри во првото, тие во второто полувреме“ – изјави Шчесни.
https://twitter.com/i/status/1708536164947464700