Ова го нема во Европа, ваква атмосфера може да направат само навивачите на Бока (Видео)

Вчера на „Бомбонера“ се играше најголемото аргетинско дерби меѓу големите ривали Бока јуниорс и Ривер плата, а навивачите уште еднаш покажаа како изгледа вистинската фудбалска страст.

Ривер излезе како победник во Суперкласико славејќи со 2:0, но во фокусот беа навивачите на Бока поради прекрасната атмосфера која ја приредија на култниот стадион.

Во текот на сите 90 минути со песна ги бодреа своите фудбалери и приредија сцени кои сè поретко се гледааат на европските стадиони.

 

- Оглас -

Најнови вести