Го сруши рекордот на Дончиќ, но многумина не веруваат колку години има

Реал Мадрид ја победи Барселона со 86:79 во кошаркарското Ел Класико во рамките од третото коло на шпанското првенство. Ова Ел Класико го одбележа Исмаил Дијагне, кој влезе во историјата на дуелите на најголемите ривали.

Сенегалецот стана најмладиот кошаркар кој заиграл на Ел Класико. Дијагне има само 16 години девет месеци и девет дена, што беше доволно да го надмине рекордот на Лука Дончиќ.

Словенецот, кој сега блеска во НБА-лигата, за Реал Мадрид во дуелите на Ел Класико дебитираше со 16 години девет месеци и 28 денови, што значи дека Дијагне му го надмина рекордот за 19 дена.

Дијагне имаше забележителен настап на Ел Класико и успеа да постигне девет поени, а имаше и осум скока, што беше доволно за одлични 16 индексни поени.

Многумина коишто го гледаа Дијагне се сомневаат дека овој 214 сантиметри висок центар има само 16 години, како што стои во неговиот лист за родени. Тој е роден во сенегалското село Нгуехок на 20 декември 2006 година.

- Оглас -

Најнови вести