Магични десетина минути за нова победа на Ал-Наср во азиската ЛШ (Видео)

Десеттина минути им беа потребни на ѕвездите на Ал-Наср да дојдат до втората победа во азиската Лига на шампиони, овојпат од 3-1 над првакот на Таџикистан, Истиклол од Душанбе.

Гостите од централна Азија изненадувачки дојдоа во водство во 44-тата минута со погодокот на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, Сенин Себаи.

Екипата од Таџикистан успеваше да им одолее на нападите на Ал-Наср сè до 66-тата минута, кога Кристијано Роналдо израмни на 1-1.

Во продолжението од мечот веќе сè беше полесно за ѕвездите на Ал-Наср. Бразилецот Андерсон Талиска во 72-рата и 77-мата минута не само што го доведе својот клуб во водство, туку и зголеми на 3-1, па фудбалерите на Истиклол веќе немаа сили за нов подвиг.

По две кола во групата Е, екипата на Ал-Наср е единствена со максимални шест бода, ирански Персеполис има три, додека Ал-Духаил и Истиклол имаат по еден поен.

- Оглас -

Најнови вести