Екипата на Работнички доживеа вистински дебакл на отворањето на квалификацискиот турнир за пласман во ФИБА Европа купот. Клубот од Градски парк загуби со 30 поени разлика од Рапид Букурешт, односно 57-87.
Романците ги добија првите три четвртини, но Работнички постојано беше во игра и тука некаде блиску израмнуваше, но пресудна беше последната четвртина во која домашните кошаркари постигнаа само два поена! Рапид го доби периодот со неверојатни 21-2!
Ѓорѓе Џелетовиќ и Дмитрик Александре со по 15 поени беа најефикасни во редовите на Работнички, додека гостинскиот кошаркар Сајед Ал-Кабир со 23 поени беше убедливо најдобриот кошаркар на паркет.
Во првиот натпревар на квалификацискиот турнир во Скопје, екипата на Сабах Баку со 75-72 го победи Гронинген.
Натпреварите во Скопје продолжуваат утре. Работнички игра против Сабах Баку, додека Рапид Букурешт против Гронинген.