Шпански фудбалерки сведочеа во процесот против Рубијалес

Алесија Путељас и уште две нејзини колешки од шпанската фудбалска репрезентација вчера се појавија пред судот во улога на сведоци во истрагата и судскиот процес против поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес.

Путељас, Ирен Паредес и Миса Родригес одговораа на прашањата на судијата во Мадрид. Родригес се појави во судот, додека Паредес и Путељас сведочеа преку видеолинк бидејќи се наоѓаат во Барселона.

Шпанското обвинителство го обвини Рубијалес за сексуален напад и принуда бидејќи без согласност на Џени Ермосо, ја бакна во уста фудбалерката за време на свечената церемонија на доделувањето на медалите по финалето на Светското првенство кое се играше во август.

По големиот број критики, суспензијата од страна на ФИФА и судскиот процес, Луис Рубијалес си поднсе оставка.

Доколку биде прогласен за виновен, Рубијалес се соочува со парична или со затворска казна од една до четири години. Според новиот шпански закон, кој беше донесен минатата година, елиминирана е разликата помеѓу „сексуално вознемирување“ и „сексуален напад“, со што се санкционира секој сексуален чин без согласност.

- Оглас -

Најнови вести